ВИДЕО: Ефектен погодок на Митровски за нов триумф на Спортинг…

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Митровски продолжува со гол серијата во дресот на Спортинг Лисабон во шампионатот на Португалија за фудбалери до 23 години.

Митровски постигна ефектен гол во триумфот од 4-1 против Портимоненсе, стрелајќи уште во 12.минута за водство од 1-0…

Ова е трет погодок за македонскиот напаѓач во новата сезона откако претходно погоди во победите против Академика и Сетубал. Спортинг У23 со 13 бодови е на третата позиција од табелата, три помалку од лидерот Бенфика.

Се вчитува...