ВИДЕО: Експлозија овации за Илија Најдоски од „Делиите“…

Македонската фудбалска легенда Илија Најдоски со овации беше дочекан од 50.000 навивачи на славната „Маракана“ пред дуелот на Црвена Звезда со Наполи во Лигата на шампионите.

Најдоски продефилира пред натпреварот како дел од генерацијата на „црвено-белите“ која 1991 година се закити со европската шампионска титула. А „громовникот Илија“, како што милуваа да го нарекуваат навивачите на Црвена Звезда предизвика вистински делирум при неговото претставување на „Маракана“. „Делиите“ со долготрајно скандирање уште еднаш го поздравија „Свети Илија“…

Се вчитува...