ВИДЕО: „Ерупција“ на „Железарница“ – Еврогол од 25 метри на Дарко Мицевски, Вардар ја „меле“ Воска

Тотална доминација на Вардар во дербито на 10. коло од Втората македонска фудбалска лига против Воска спорт.

„Црвено-црните“ на стадионот на „Железарница“ во Автокоманда веќе имаат предност од 2-0 по само 25 минути игра на натпреварот.

Вистинска „ерупција“ предизвика посебно погодокот на Дарко Мицевски во 20. минута од средбата. Капитенот на Вардар испрати „бомба“ од 25 метри мајсторски погодувајќи во горниот десен агол од голот на гостите.

Претходно, пак, Дарио Десниќ во 18. минута луцидно погоди од страна за водство од 1-0 на Вардар.

Се вчитува...