Албанскиот стратег Ернест Ѓока се израдува на првата победа на клупата на Шкендија. Тетовци во 11. коло од ПМФЛ славеа убедливо со 3-0 против Силекс во Тетово.
Резултатот го отвори Хуан Фелипе со прекрасен гол директно од слободен удар во 31. минута, прв за Бразилецот по доаѓањето на почетокот од сезонава во Шкендија…
Во второто полувреме се разигра Агим Ибраими. Одлично асистираше во 56. минута за погодок на Гледи Мици за 2-0…
И, во 78. минута по одлично изведениот корнер на Агим Ибраими, Благојевиќ си постигна автогол за конечни 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА