Видео: Фештата продолжува – играчите се вратија од соблекувална за да слават со навивачите

Навивачите на Ајакс со право се горди на своите миленици, а фудбалерите благодарни на големата поддршка се вратија од соблекувалната назад на терен – за да не ги остават своите фанови сами на стадионот чекајќи да бидат изнесени од трибината.

И нормално – фештата продолжува, апсолутно заслужено.

Ајакс има за што да слави, не само поради пласманот во полуфиналето, туку и стилот на игра со кој холандскиот гигант потсети на своите најславни денови кога дресот на овој клуб го носеше неповторливиот Јохан Кројф.

Се вчитува...