Видео: Фирмино или Салах – кој го даде четвртиот гол за Ливерпул?

Ливерпул уште во првото полувреме го демолираше Марибор поведувајќи со 0-4 на гостувањето во Словенија, а особено интересен беше четвртиот погодок за тимот на Јирген Клоп.

Кутињо го проигра Морено по левата страна, овој ја врати топката кон срцето на шеснаесетникот, а таму Фирмино и Салах речиси во ист момент ја удрија и ја упатија во мрежата.

Според официјалните податоци на УЕФА, голот сепак му е припишан на Салах.

Се вчитува...