ВИДЕО: Голчиште на Меси од „скратен корнер“, но Интер Мајами поразен

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси постигна прекрасен гол во поразот на Интер Мајами од Колумбус (2-1).

Меси погоди од „скратен корнер“, за негов 21-ви гол во МЛС во 24-от натпревар, а има и 11 асистенции.

Аргентинецот го израмни резултатот со оваа „убавица“ по голот на Џозеф Мартинез во 28. минута.

Џамал ​​Тијаре му донесе победа на домашниот тим во осмата минута од судиското продолжение. Две минути претходно, Интер остана со десет играчи по вториот жолт картон за Сантијаго Моралес.

Колумбус е 12-ти на табелата на Истокот со 29 бода, додека Интер е трет со 46 бода, 14 помалку од водечкиот Нешвил.

Се вчитува...