Видео: Хансен пред 10 дена им даде 14 гола на Норвежаните, како ќе биде во финалето?

Норвешка сонува за првото злато од големите натпреварувања, но на патот до славата на оваа селекција на денешното финале стои Микел Хансен. Извонредниот бек игра во животна форма на овој Мундијал, беше предводник на Данска и во полуфиналниот триумф над Франција, но најдобриот меч на СП 2019 Хансен го одигра токму против денешниот ривал.

Двете селекции се сретнаа во првата фаза во Хернинг, Данците славеа со 30-26, a Хансен постигна 14 погодоци и беше незапирлив за норвешкиот состав. Денеска е нов натпревар, битка за златото, но на Норвежаните им е јасно, ако не најдат лек за „бомбардерот“ на ПСЖ, шансите ќе им бидат сведени на теорија.

Погледнете ја симултанката на Микел Хансен против Норвешка, како увертира за денешното финале…

Се вчитува...