ВИДЕО: Херојот на Мајами, Двејн Вејд со оваации дочекан „дома“! (ВИДЕО)

Преполната „Американ аирлајнс арена“ во Мајами синоќа исполнета до последно место приреди величенствен дочек за својот херој Двејн Вејд кој пред само неколку дена беше „трејдован“ од Кливленд.

Икусниот Вејд во игра влезе на половина од првата четвртина, а неговото враќање „дома“ беше испратено со овации, токму како и неговите први поени во старо-новиот дрес.

Сепак, Вејд не пружи којзнае каква партија, запишувајќи само три поени, дополнети и со два скока и две асистенции во триумфот на Мајами над Милвоки од 91-85.

Двејн Вејд кој од 2003 година беше во Мајами, и со оваа екипа дојде до три наслови во НБА лигата, си замина од Мајами во 2016 година во Чикаго, екипата од родниот град, за да минатово лето се пресели кај Леброн во Кливленд. Но, епизодата во Кливленд не траеше долго, па сега повторно е „дома“!

Се вчитува...