ВИДЕО: Хуан Фелипе се разбуди – Евро-гол, прв во дресот на Шкендија

Шкендија има предност од 1-0 против Силекс по првото полувреме од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Новиот тренер на Шкендија, Ернест Ѓока ја чека првата своја победа на клупата на тетовци, па на добар пат е да ја добие и благодарение на евро-погодокот од слободен удар на Бразилецот Хуан Фелипе во 31. минута. За Фелипе ова е прв гол во дресот на Шкендија сезонава, и тоа во негов добро препознатлив стил…

Се вчитува...