Хајдук многу потешко од очекувањата стигна до место во четвртфиналето од Купот на Хрватска, откако сплитскиот клуб дури по продолженија славеше со 1-2 на гостувањето против Шибеник.
Мирко Ивановски беше на прагот да стане трагичар на својот тим откако македонскиот напаѓач со неспретна интервенција ја затресе сопствената мрежа за водство на домашниот тим. Шибеник на дваесетина минути пред крајот остана со играч помалку, гостите од Сплит го искористија тоа за да стигнат до израмнување преку Саид, за пресвртот со гол во 119. минута да го комплетира Јуриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА