Видео: Како изгледаше потопот на МЗТ Скопје

Приморска ја оправда фаворитската улога против МЗТ Скопје, декласирајќи го македонскиот претставник со 93-71 во првиот меч од финалната серија во АБА2 лигата. „Сино-белите“ беа целосно надиграни, одиграа катастрофална одбрана во првото полувреме примајќи 56 поени, по што беше невозможно да се вратат во мечот против сериозен ривал како Приморска.

Ако има добра вест за „металците“, тоа е дека веќе утре ќе имаат можност да се покажат во далеку подобро светло и да се обидат да израмнат на 1-1. Во спротивно, со негатива од 0-2 би влегле во третиот меч што в четврток ќе го играат во Скопје.

Се вчитува...