Видео: Како Милосављев го откажа Загреб…

Дејан Милосављев го играше својот прв натпревар во кариерата во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но српскиот голман блесна во сиот свој сјај во „Арена“ во Загреб, на крајот освојувајќи ја и наградата за најдобар поединец на средбата.

Го заврши мечот со 14 успешни одбрани, а голем дел од нив ги нанижа во првото полувреме, кога ги откажа домашните ракометари во обидите да го најдат патот до неговата мрежа.

Кој би рекол до пред неколку месеци, дека на Вардар нема да му недостига Штербик бидејќи на голот го има Милосављев…

Се вчитува...