Видео: Барса „настрада“ кога последен пат се сретна со Ливерпул

Барселона и Ливерпул својот последен дуел во пресрет на вечерашното полуфинале го имаа летото 207 година, кога каталонскиот гигант во пријателски натпревар неочекувано беше декласиран од „црвените“ со 4-0.

Луис Енрике седеше на клупата на Барса на таа средба и на крајот мораше да му честита на Јирген Клоп, кој со овј триумф најави дека „црвените“ можат да играат и убедливо да победуваат ривали од самиот врв на европскиот фудбал. Садио Мане го отвори резултатот на додавање на Лалана, а при 1-0 Барселона не реализираше неколку одлични шанси за израмнување.

Мечот беше решен за две минути на стартот од вториот дел, најпрвин Маскерано си постигна автогол, а веќе во следниот напад Ливерпул зголеми на 3-0, во 48. минута. Конечните 4-0 во судиското продолжение ги постави Марко Грујиќ.

Се вчитува...