ВИДЕО: „Лудата прослава“ на селекторот на Еквадор – „На таа дама и должам се во животот!“

Селекторот на Еквадор, Себастијан Бекасесе вчерашниот триумф на неговата селекција над Германија и пласманот во нокаут фазата на Светското првенство 2026, сосема очекувано го прослави на еуфоричен начин.

Бекасесе славеше со трк кон трибините каде прослави со свои блиски лица. По мечот селекторот на Еквадор се осврна токму на тој момент…

„Луѓето ме видоа како трчам на трибините и ја бакнувам таа дама, а многумина се прашуваа која е таа. Таа е моја сопруга. Таа беше покрај мене низ секој подем и секој пад во мојата кариера. Таа жртвуваше толку многу за мене и нашето семејство, па во тој емотивен момент, таа беше првата личност со која сакав да прославам“ – рече Бекасесе и дополни:

„Оваа победа не беше само за играчите или тренерите – туку за секој Еквадорец кој веруваше во нас. Победата над Германија на најголемата фудбалска сцена е нешто што нашата земја ќе го памети засекогаш. Емоциите преовладаа. Не ја планирав таа прослава. Едноставно го следев моето срце. Тоа секогаш ми велеше да продолжам да верувам, дури и кога луѓето се сомневаа во нас. Вечерва сакав да и се заблагодарам на мојата сопруга пред целиот свет. Ова е посебна ноќ за Еквадор и горд сум што можев да го споделам тој незаборавен момент со личноста која ме поддржуваше во секој чекор од патот.“

Се вчитува...