Видео: Македонија на тренинг – за Полјаците респект, никако страв

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Македонските фудбалери го одржаа и тренингот на стадионот во Варшава каде утре ќе ги одмерат силите со лидерот во групата, Полска. Од прв поглед веднаш е јасно дека триумфот над Словенија не донесе само три бода, туку и „промена на матрицата“, па сега без страв се влегува во дуели дури и со големи фаворити.

Расположението е одлично и со нетрпение се очекува старт на натпреварот. Амбициите се јасни – да се излезе на терен и да се надигрува со противникот, па нека победи подобриот. Затоа што ова навистина е меч во кој нема што да се загуби, а може многу да се добие.

Се вчитува...