Видео: Мане полуде поради себичниот Салах

Ливерпул реди победи во Премиер-лигата, но Јирген Клоп ќе треба да ги смири напаѓачите Мохамед Салах и Садио Мане по конфликтот на денешниот меч со Барнли.

Се почна од себичноста на Салах, кој во ситуација кога го имаше осамен соиграчот наместо да го проигра реши да солира и ја загуби топката. Згора на тоа, Јирген Клоп реши да го повлече од игра Мане, кој полуде од бес.

Погледнете ја акцијата и себичноста на Салах, како и реакцијата на Мане откако седна на клупата за резерви.

 

Се вчитува...