Видео: Мбапе го повреди коленото, пола Европа во исчекување

Монако тргна триумфално во новата сезона во Франција, но „кнезовите“ скапо ја платија денешната победа над Тулуз со оглед на повредата на коленото што ја заработи нивниот најдобар фудбалер Килијан Мбапе.

Талентираниот офанзивец тргна во продор во противничкиот шеснаесетник, но при движењето десната нога за момент му остана заглавена одзади при падот на тревата, по што Мбапе видно загрижен остана да лежи на теренот. Тој се крена на нозе, се обиде да продолжи, но беше јасно дека тоа не е возможно, па неколку минути подоцна мораше да биде заменет.

Фокусот на вниманието сега ќе биде свртен токму кон овој играч, бидејќи доколку се покаже дека повредата на лигаментите е посериозна, тоа би можело да ги загрози неговите шанси за летен трансфер. Реал Мадрид е подготвен да плати над 120 милиони евра за да го доведе Мбапе, во трката за овој играч се вклучи и Барселона, која е во потрага по наследник за Нејмар.

Kylian Mbappe Controversial Penalty Claim vs… by wfproductions

Се вчитува...