Видео: Најбрз гол во историјата на Премиер-лигата

Шејн Лонг испиша историја на англискиот фудбал, откако вечерва го постигна најбрзиот гол на сите времиња во Премиер-лигата.

Дуелот меѓу Ватфорд и Саутемптон само што почна, а гостинскиот напаѓач по само седум секунди ја смести топката во мрежата на домашниот тим. Со тоа Лонг го урна досегашниот рекорд на Ледли Кинг, кој со 9,82 секунди беше стрелец на досега најбрзиот гол во Премиер-лигата, пред оној на Алан Ширер постигнат за 10,52 секунди.

За трагедијата на Ватфорд да биде поголема, домашниот тим го имаше почетниот удар, но сепак го прими најбрзиот гол во историјата на Премиер-лигата.

Се вчитува...