Видео: Најкраткиот фудбалски меч во историјата се одигра во Србија

Нисколигашкиот дуел во Србија меѓу Врело Спорт и Спартак од Љиг ќе влезе во историјата како најкраток фудбалски натпревар што некогаш бил одигран во Европа. Имено, целиот меч траеше неполни пет секунди, гостите тргнаа од центар, а играчот кој ја шутна топката кон противничката половина падна како покосен и остана да лежи.

Проблемот беше во тоа што Спартак допатува со само седум фудбалери, а откако стана јасно дека „повредениот“ нема да може да продолжи судијата веднаш означи крај.

За одбележување е дека Врело Спорт е матичен клуб на Немања Матиќ, а фудбалерот на Манчестер Јунајтед лани вети дека токму во оваа екипа ќе ја заврши својата фантастична кариера.

Се вчитува...