ВИДЕО: Нов супер-погодок на Валон Етеми за Истанбулспор

Македонскиот интернационалец Валон Етеми продолжува да ги тресе мрежите во Турција. Напаѓачот на Истанбулспор по одличниот гол од слободен удар против Аланијаспор овој пат ја затресе мрежата и на гостувањето кај Сиваспор.

По пропустот на одбраната на Сиваспор топката заврши во нозете на Македонецот кој упати неодбранлив удар кон противничкот гол за водство на својот тим.

Се вчитува...