ВИДЕО: Обрадовиќ ја губи контролата над соблекувалната – „Еј, еј…и тренерот е тука!“

Партизан доживеа нов дебакл во Евролигата, и со седми едноподруго пораз, овој пат на гостувањето против Панатинаикос. По израмнето прво полувреме, Партизан тотално се загуби во вториот дел на крајот доживувајќи пораз од 91-69.

Жељко Обрадовиќ едноставно немаше решение за играта на својот тим, изгледаше беспомошен, а во еден момент „пукна“ за време на тајмаутот бидејќи играчите не го слушаа.

„Тука или тука, во ред? Додадете ја топката внатре“, објаснуваше Жељко Обрадовиќ, но беше прекинат во тој момент од Вања Маринковиќ, а останатите кошаркари веќе почнаа да се упатуваат на теренот.

„Стоп, стоп, кажувам нешто, во ред? Еј, Еј… тренерот е тука“, почна да вика Обрадовиќ.

Дека, проблемите во Партизан и тоа како се нараснати доволен факт е што, пак, изминатиов период Обрадовиќ и немаше доволно влијание и на одлуките кој од играчите ќе му биде на располагање за натпреварите. Изненадувачки беше што на претходните натпревари пред медиумите немаше одговор зошто на некои натпревари не се во составот Џабари Паркер и Тајрик Џоунс.

Се вчитува...