ВИДЕО: Одбранетиот пенал на Јанков и евро-голот на Атанасов за бод со Израел

Младата репрезентација на Македонија си ја намали можноста за пласман на Европското првенство по ремито (1-1) со Израел на домашен терен во осмиот натпревар од квалификациите.

Израелците поведоа во првото полувреме благодарение на киксот на голманот Ристе Јанков. Чуварот на мрежата на Работнички успеа да се извади во второто полувреме со одбранет пенал, па на крај во суштина и беше херој во нерешениот резултат заедно со Јани Атанасов кој во 95. минута постигна вистински евро-гол директно од слободен удар… Сето тоа низ 100 секунди најинтересни инсерти од пресметката меѓу Македонија и Израел.

Се вчитува...