ВИДЕО: Пановски од 35 метри го изненади Боби Целески…, задржување на европските надежи за Силекс!

Силекс славеше победа од 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига со што си ги задржа шансите во битката за европски излез следната сезона.

Кратовци беа понадмоќни на дуелот сосема заслужено стигнувајќи до победата.

sileks vo napad so makedonija

Стрелец на единствениот гол за три бода беше Александар Пановски кој директно од слободен удар од околу 35 метри успеа да го изненади домашниот голман, младиот Боби Целески…

Силекс по 31 натпревар, на пет кола до крајот, има 42 бода, седум помалку од третопласираниот Работнички, а три помалку од четвртопласираниот Пелистер.

makedonija - sileks 2

makedonija - sileks 3

Се вчитува...