ВИДЕО: По цели 18 додавања, гол од учебници за „пелистерци“…

Пелистер со два брзи гола во финишот на првото полувреме се чини ја осигура веќе победата против Ренова во 32. коло од Првата македонска фудбалска лига. По 80 минути игра Пелистер води со 3-0, веќе сосема блиску до трите бода.

Водството дојде во 41. минута по еден погодок од учебници за „пелистерци“. По цели 18 додавања, почнувајќи од пред својот гол, Пелистер стигна до 1-0 со голот на Фернандо…

Вториот гол следеше во 43. минута по една брза акција која убаво ја заврши Баже Илијоски…

А, веќе во 80. минута со индивидуална мајсторија Баже Илијоски зголеми и на веќе убедливи 3-0…

Се вчитува...