ВИДЕО: Победа и Шкупи подобри од испаднатите, продолжува битката за директен опстанок!

Победа и Шкупи и во последните две кола од Првата македонска фудбалска лига ќе бијат битка за директен опстанок во елитата, откако во 34. коло славеа против веќе испаднатите Македонија ЃП, односно Брегалница.

Победа славеше против Македонија ЃП со 4-2 во Прилеп, со погодоците на Ристевски и Илијовски во првото полувреме, а во вториот дел стрелаа уште Мустафов и Цветаноски. Кај Македонија ЃП погодија Јашароски и Стојкоски.

Шкупи, пак, со 3-0 ја победи Брегалница со погодоците на Бајрами, Асани и Јаневски во второто полувреме

Победа сега има 35 бода, додека Шкупи 33 бода. Во следната коло прилепчани гостуваат на Работнички во Скопје, а Шкупи, пак, на Силекс во Кратово.

Се вчитува...