Видео: Последниот дуел на Франција и Белгија беше шоу со седум гола

Франција и Белгија вечерва ќе го играат првиот полуфинален натпревар на СП 2018. И двете селекции во своите редови имаат бројни офанзивни оружја, па за очекување е да проследиме фудбалски спектакл.

Овие две селекции последен пат се сретнаа во 2015 година, кога навивачите на „Стад де Франс“ можеа да проследат вистински гол-шоу, со триумф на Белгијците од 3-4. Фелаини беше во главна улога со два гола, по еден постигнаа Наинголан и Азар, Франција до пред самиот крај губеше со 1-4, пред Фекир и Паје да го направат поразот поподнослив.

Вечерва нека има шанси и голови барем приближно на тој последен меч во Париз.

Се вчитува...