ВИДЕО: Проектил на Пивковски од 30 метри…

Членот на златната генерација млади македонски фудбалери која минатата година не однесе на ЕП во Полска, Филип Пивковски постигна прекрасен погодок во дресот на шведскиот второлигаш Ландскрона.

Во 25. коло од Ландскрона загуби од Фреј со 3-4, но за домашните, ако ништо друго, ќе остане запеметен голот на Пивковски од 30 метри кој го постигна во 73. минута за 2-2 во тие моменти…

Ландскрона ја чека тешка битка за опстанок во второлигашката конкуренција. На пет кола до крајот на сезоната е на претпоследното 15. место со 21 бод.

Се вчитува...