ВИДЕО: Работнички утна и пенал во 97. минута, па не спаси ниту бод…

Работнички се најде на последната позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига по поразот од 1-2 на домашен терен од Струга Трим Лум во 10. коло.

„Романтичарите“ можеа да спасат барем бод, но Петар Петковски во 97. минута не го реализираше ударот од белата точка кој му го одбрани Урош Ѓуриќ…

Претходно, стружани поведоа со голот на Цаке уште во 10. минута…

За Работнички израмни Давид Тошевски во 52. минута…

А, победата на Струга ТЛ ја донесе Флорент Османи со голот во 73. минута…

Се вчитува...