Видео: Ремек-дел на Кавани против Фулам, публиката се врати на „Олд Трафорд“

Навивачите се вратија на трибините на „Олд Трафорд“ за денешниот дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам, а Единсон Кавани им подготви прекрасен подарок – фантастичен гол од 40 метри во мрежата на гостите од Лондон.

Уругваецот одлично избегна офсајд-замка на средината од теренот, а откако виде дека голманот Ареола е истрчан далеку од својот гол, со извореден удар од далечина го лобуваше, за еуфорија меѓу домашните фанови на „Олд Трафорд“.

Погледнете ја оваа мајсторија на извонредниот голгетер…

Се вчитува...