ВИДЕО: Се разбудија „пандевци“ – настрада Силекс!

Конечно победа и за Академија Пандев во домашниот шампионат. „Пандевци“ на вистински начин се разбудија во 15. коло од Првата македонска фудбалска, па во Струмица настрада кратовски Силекс.

Откако во првото полувреме со голот на младиот Донев во 23. минута домашните поведоа со 1-0, во второто полувреме уште два гола во мрежата на Силекс.

Најпрво во 47. минута Трајков погоди за 2-0.

А, во 81. минута и прв погодок сезонава за „пандевци“ и за Виктор Ангелов кој стрелаше за 3-0.

Се вчитува...