Видео: Сите прашуваат – каде е Роналдо?

Претставувањето на дресовите за новата сезона е нормална работа во светскиот фудбал, но вообичаено е дел од тие промоции да бидат најдобрите фудбалери на екипите.

Токму затоа, големо изненадување е што на денешната промоција на Ал Наср немаше ни трага ни глас од Кристијано Роналдо. Клубот од Саудиска Арабија во промотивниот спот ги имаше новите засилувања Брозовиќ, Телес и Фофана, како и Талиска од ланскиот состав, но навивачите едногласно прашуваат: Каде е Роналдо?

Веќе подолго време кружат информации дека Кристијано не е најсреќен во Саудиска Арабија и би можел да си замине од клубот, а според многумина ова непојавување на клупската промоција е предзнак за негов камбек во Европа.

Се вчитува...