ВИДЕО: Стружани со „лекот“ – Кировски и Тафе ја запреа позитивната низа на Вардар

Струга ТЛ во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига ја запре серијата од 12 едноподруго натпревари без пораз на Вардар.

Стружани на домашен терен славеа со 2-1 благодарение на головите на поранешниот „вардарец“ Христијан Кировски во 25. минута и на Арбен Тафе во 45. минута.

Вардар преку Мицевски од пенал во 80. минута единствено успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...