ВИДЕО: Супер-дерби во Битола – Вардар за пет минути израмнува на 2-2 со Пелистер!

Извонреден дуел на дерби-пресметката од 14. коло во Втората македонска фудбалска лига „Под Тумбе кафе“ во Битола.

По полувремето во кое Пелистер имаше предност од 2-0, за само пет минути „вардарци“ доаѓаат до израмнување во Битола.

Во 62. минута од средбата убава акција по десната страна, па Христов ефектно со глава погодува во мрежата на битолчани…

Во 67. минута веќе 2-2… Ново нафрлување пред голот на „пелистерци“, а сега Кире Маркоски најконцетриран со глава носи израмнување за црвено-црните…

Се вчитува...