ВИДЕО: Тензично дерби на Истокот – Тиквеш поведе, но Стојанов не дозволи пораз за Брегалница

Убава фудбалска пресметка демонстрираа Тиквеш и Брегалница во дербито од 5. коло во Втората лига – Исток.

Мирното прво полувреме беше заменето со максимална тензија во вториот дел, посебно по водечкиот гол на Александар Мишов во 54. минута.

Веднаш потоа нововлезениот Антонио Митрев кај Брегалница доби директен црвен картон поради приговор кон главниот судија. Но, тоа не беше пречка штипјани да доминираат на теренот во продолжението и да израмнат со оправдано досудениот пенал во 79. минута кој успешно го реализираше Мартин Стојанов.

Во самиот финиш Брегалница можеше и да победи, постигна убав гол но беше поништен поради наводна офсајд позиција. Иако, и од фотографија очигледно е дека немаша офсајд позиција.

Се вчитува...