ВИДЕО: Три гола во последните 20 минути за три бода на Силекс…

Силекс сосема заслужено дојде до три бода во пресметката против Ренова во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци славеа со 3-0 со головите во последните 20 минути од натпреварот. Најпрво Благојевиќ погоди од непосредна близина во 69. минута за водство од 1-0…

А, потоа Додев двапати се запиша во листата на стрелците во 83. минута и во 92. минута за конечни 3-0.

Се вчитува...