Финалето на турнирот во ватерполо на Медитеранските игри во Таранто, во кое Италија ја победи Црна Гора со 18-14, беше засенето од меѓусебни обвинувања за неспортско однесување.
Место да слават, по натпреварот за златен медал, двата тима покажуваат со прст кон противниците за наводни срамни однесувања за време на натпреварот.
Клучниот настан во меѓусебните обвинувања се случи во последниот дел од натпреварот кога Италија водеше со 15-12. Црногорскиот ватерполист Данило Ступар беше исклучен поради грубост во дуелот без топка со Матео Јоки Грато. При напуштањето на базенот, Ступар им покажа на судиите и камерите белег на раката за кој црногорскиот табор тврди дека е резултат на каснување. Поради бурните приговори на таа одлука, селекторот на Црна Гора, Дејан Савиќ, доби црвен картон.
View this post on Instagram
Одговорот на италијанската федерација
Италијанската пливачка федерација исто така објави фотографија на која се гледа голема црвена дамка на рамото и грбот на италијански играч. Фотографијата е придружена со опис: „Златни медали и медали на кожа“.
Иако од федерацијата не изјавија експлицитно дека станува збор за каснување, ниту пак обвини некој црногорски играч, соопштението сугерира дека и италијанската екипа претрпела сличен напад.
View this post on Instagram
Со победата во финалето, Италија ја освои својата седма титула на Медитеранските игри, прва од 1993 година. Домаќините го завршија турнирот непоразени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
