ВИДЕО: Вардар крунисан и со 11-от трофеј во својата историја!

Најтрофејниот македонски клуб, екипата на Вардар крунисан и со 11-от трофеј во својата клупска историја, десетта титула во независна Македонија!

Црвено-црните, кои од поодамна си го обезбедија шампионскиот епитет, денеска по дуелот од последното коло со екипата на Силекс, само формално ја прославија шампионската круна. Иако, за разлика од претходните години овој пат славјето на трофејот мина и без многу славје, пред повеќе од скромна бројка навивачи на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров… Пехарот за шампионската сезона 2016/2017 го добија од генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски…

Сепак, „вардарци“ со тие што беа ја поделија радоста за новата освоена титула…

Се вчитува...