ВИДЕО: Вистинска драма во Кичево – Вардар Неготино се спасуваше со гол во 89. минута, па преку пеналите е нов второлигаш!

Вардар Неготино е третата екипа која обезбеди настап во Втората македонска фудбалска лига следната сезона од денешните бараж пресметки, откако по пенал рулетот славеше со 3-2 против Новаци.

Натпреварот кој се одигра во Кичево, во регуларниот дел заврши без победник 1-1, откако Вардар Неготино со гол во 89. минута успеа да се спаси од пораз, и тоа преку голем кикс на одбраната на Новаци.

А, Новаци најпрво поведе со 1-0 со гол во првото полувреме, и предноста ја одржуваше се до минута пред крајот на регуларните 90 минути.

Но, Вардар Неготино по големо недоразбирање на одбраната на Новаци и кикс, постигна гол во 89. минута за 1-1 и изведување пенали.

А, по пенал-рулетот Вардар Неготино славеше со 3-2 за место во второлигашкото друштво.

Па, Тетекс, Вардар Неготино и Башкими денеска се надополнија на останатите второлигаши (Скопје, Охрид, Победа, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман и Каменица Саса) за следната сезона во лигата која ќе брои 16 екипи.

Но, и поразените Осогово, Влазрими и Новаци се уште се со шанси за влез во Втората лига. Утре со ждрепка во ФФМ, од овие три поразени екипи, ќе се бараат последните две екипи кои ќе обезбедат место во Втората лига во сезоната 2023/24, а само една ќе остане во третолигашката конкуренција.

Се вчитува...