ВИДЕО: Жеравица го реши Шкупи во Кратово

На Силекс ретко кој може да му одземе бодови во Кратово оваа сезона. Не му успеа тоа ниту на Шкупи, а кратовци славеа со 1-0 со голот на Милош Жеравица.

Тој уште во третата минута успеа да ја надмудри комплетната одбрана и погоди во спротивниот агол од голот на Игор Алексоски. Со овој триумф, Силекс се искачи на третата позиција на табелата со 21 бод.

Се вчитува...