Видиќ: Дрогба беше „ѕвер“, најтежок играч за чување

Легендата на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ, зборуваше на различни теми во подкастот од неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд. Двајцата се присетија на славните денови на „Олд Трафорд“.

Една од посебните теми беше кој играч им бил најтежок за чување во текот на кариерата во Премиер-лигата, каде што играа страшни напаѓачи.

„Од сите играчи против кои сум играл, прв би го навел Дрогба. Беше тешко да се игра против него, особено на Стемфорд Бриџ, каде што теренот е помал. Толку е паметен, силен. Неверојатен, едноставно ѕвер“, рече Видиќ и додаде.

„После него Агуеро. Беше брз. Видете му ги нозете, ќе помислете дека не е брз, а како фурија ќе мине покрај вас. Тука беше и Луис Суарез, Торес…“, изјави Видиќ.

Се вчитува...