Вилдоза и сопругата Србинка тепале болничари во Италија, им се заканува казна затвор

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза и неговата сопруга, српската одбојкарка Милица Тасиќ се уапсени во Болоња за физички напад на медицински лица, објавија италијанските медиуми.

Според информациите на медиумите, немилиот настан се случил откако амбулантно возило запрело во близината на арената со цел да ја потврди адресата на кое било упатено во моментите кога наидел автомобилот со кој управувал кошаркарот.

Изритиран поради тоа што му бил блокиран патот, Вилдоза се однесувал агресивно, му блиндирал на амбулантното возило и го навредувал медицинскиот персонал.

Ситуацијата ексалирала кога повторно се сретнале, а овој пат амбулантното возило возело со ротација и сирена. Вилдоза го спречувал возилото да го премине, а кога болничарите застанале за го прашаат зошто го прави тоа дошло до физичка пресметка.

Аргентинецот фатил болничар за врат, додека неговата сопруга кубела болничарка за коса и тоа непосредно пред полицијата. Двајцата се веќе во притвор и против нив се води итен судски процес кој може да заврши и со казна затвор.

Се вчитува...