Португалскиот фудбалер Вилијам Карвалјо е најновата желба на италијанскиот првак Јувентус за засилување на средниот ред, во пресрет на новата сезона. По ангажманот на Федерико Бернардески, кој има изразени офанзивни карактеристики, сега тренерот Масимилијано Алегри сака да купи и квалитетен дефанзивен фудбалер во маневарот, а изборот падна на Вилијам Карвалјо.
Иако имаше опции во Торино да пристигнат и Немања Матиќ и Блес Матуиди, сепак, „старата дама“ се реши за помладиот Карвалјо, кој има 25 години и не би имал против да се пресели во италијанскиот првак. Јувентус е подготвен да ја плати отштетната клаузула за овој фудбалер и да отпочне преговори за негова преселба во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА