Винисиус Џуниор: Советите на Модриќ многу ми помогнаа, тој е светска класа

Реал Мадрид им се врати на победите откако славеше на гостувањето против Елче со 1-2. Херојот на „кралскиот тим“ беше Винисиус Џуниор кој со два гола во 22. и 73. минута ја осигура победата, а домаќините во 86. минута само го облажија поразот.

Бразилскиот напаѓач на овој натпревар стигна до деветтиот гол во новата сезона, а заслугите за одличната партија му ја препиша и на хрватскиот ас Лука Модриќ кој воедно беше и асистент за вториот гол.

„Советите на Модриќ многу ми помогнаа. Тој пред секој натпревар ми вели да се движам добро без топка, а тој ќе ни додаде во прав момент. Тоа ми го кажа и пред овој натпревар. Модриќ е светска класа и носи многу за овој состав. Целиот тим е важен, но тој постојано дава добри совети со кои јас ја кренав самодовербата, а сега постигнав два гола“, изјави 21-годишникот.

Се вчитува...