Винсент Компани и во следните пет години на клупата на Барнли

Винсент Компани ќе остане на клупата на Барнли и во следните пет сезони откако белгскиот стратег официјално ја продолжи соработката со новиот англиски премиерлигаш. Тој беше еден од најзаслужните за промоцијата во прволигашкиот фудбал на Англија, а раководството на клубот го награди со далеку побогат договор.

Компани е презадоволен од соработката со клубот и вели дека сака „Турф Мор“ да го претвори во „тврдина“ и во елитниот фудбал на Островот.

„Од самиот почеток се чувствував добро во Барнли и сега чувствувам дека е правилно да потпишам уште пет години. Заедно со навивачите, „Турф Мур“ повторно го претворивме во тврдина. Продолжуваме да гледаме напред и да работиме за да го направиме Барнли подобар во секој поглед“, бели Белгиецот.

Се вчитува...