Вирус меѓу „лалињата“: Куман без петмина фудбалери против Франција

Холандскиот селектор Роналд Куман се соочува со неочекуван проблем на стартот од квалификациите за ЕП 2024 откако поради вирусна инфекција мораше да ослободи од петмина фудбалери кои се пожалиле на болест и не биле во можност да тренираат во текот на вчерашниот ден. Станува збор за Свен Ботман, Матијс де Лихт и Коди Гакпо, кои ќе беа сигурни стартери на утрешниот меч со Франција, како и за Џои Верман и Барт Фербруген.

Деталните прегледи покажале дека станува збор за вирус, а поради страв од дополнително ширење меѓу останатите фудбалери била донесена одлука петмината заболени да бидат ослободни од обврските. На нивно место веќе се повикани тројца нови играчи, и тоа Рајан Гравенберх (Ајакс), Кјел Шерпен (Витесе) и Стефан де Фрај (Интер).

Холандија го стартува новиот квалификациски циклус со најтешкото можно гостување, против селекцијата на Франција, по што на 27 март го игра и најлесниот можен меч во гурпата, пред своите гледачи против аутсајдерот Гибралтар.

Се вчитува...