ВИСТИНСКИ ХАОС: Новак Ѓоковиќ „како од мајка роден“ на свадбата на неговиот брат (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ особено се радуваше на свадбата на својот најмлад брат Ѓорѓе. Прво, прославата започна во Белград кога Ѓорѓе и Сашка Веселинов го кажаа судбоносното да, а потоа забавата продолжи во Црна Гора. Оттогаш, видеата од лудата забава не престануваат да се појавуваат.

Видовме како Ѓоковиќ пее додека го „китат“ со пари и како речиси сите мажи прават склекови на трева.

Меѓутоа, сега се појави ново и најлудо видео. Гостите на свадбата истрчаа во морето и таму ја соблекоа долната облека со која мавтаа над главите. Ова привлече големо внимание во јавноста, а Ѓорѓе во еден момент речиси остана шокиран.

Поранешниот прв рекет во светот беше меѓу луѓето кои на овој начин го прославија бракот на младите.

 

Се вчитува...