Вистински хаос во Англија: Њуксал го прегази Лестер и ја закомпликува битката за ЛШ

Отварањето на 35. коло во Премиерлигата донесе и нов „хаос“ во борбата за местата кои водат во Лигата на Шампионите следната сезоната откако Њукаск приреди вистинско шоу на „Кингс Поуер“, совладувајќи го Лестер со 2-4.

Гостите го отворија натпреварот во 22. минута преку Вилок, а дванесет минути подоцна, Дамет по корнер донесе „дупло“ водство за својот тим. Во второто полувреме Лестер се обидуваше да се врати во средбата, но наместо гол за смалување на негативата, Вилсон донесе и 0-3 за својот тим, а набргу потоа истиот играч „стрелаше“ и за 0-4.

До крајот на натпреварот Лестер успеа да го убажи поразот со головите на Албрајтон во 80. минута и Ихеаначо во 87. минута, но немаше сили за сензација и целосен пресврт.

По 35. одиграни натпревари Лестер сега има 63 бода, два повеќе од четвртопласираниот Челси кој има и натпревар помалку во однос на „лисиците“. По нив следат Вест Хем со 58 бода, Тотенхем со 56, Ливерпул со 54, но и два натпревари помалку како и Евертон кој има 52 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...