Вит Кавтичник: Одиме на победа против Македонија

Капитенот на репрезентацијата на Словенија, Вит Кавтичник се уште не е сигурен дали ќе може да игра на саботниот натпревар со Македонија на стартот од ЕП во Хрватска, но е убеден дека негивата репрезентација може да го добие овој дуел.

Словенечкиот десен бек пред неколку дена на тренинг ја скина кожата меѓу прстите на шутерската лева рака и доби неколку конци. Изминативе неколку дена беше на принудно мирување, но сега веќе се враќа во ритам.

„Засега повредата добро заздравува. Раката е добро шевовите исто така. Мислам дека раката ќе издржи. Денска прв пат ќе се обидам со топка. Се надевам дека тестот ќе биде добар и дека ќе се вратам назад на терен“ – изјави Кавтичник за словенечките медиуми.

Покрај Кавтичник, сеелкторот на Словенија, Веселин Вујовиќ поради повреди за настапот на ЕП не може да смета на Матеј Габер, Јуре Доленец, Давид Миклавчич, Вит Потеко и од вчера и ни на Ник Медвед. Но без разлика на преполовениот состав, капитенот на словенечката репрезентација е убеден дека Словенија може да стартува со победа на ЕП.

Го гледавме натпреварот што го одиграа Македонците против Србија. Сите играчи добро ги познаваме бидејќи против нив игравме и лани на СП во Франција. Одиме на победа“ – истакнува Кавтичник.

Се вчитува...