Португалија и Хрватска вечерва ќе ги одмерат силите во мегадуелот од 1/16 финалето на СП 2026, меч што според многумина ќе биде решен на средината од теренот.
Хрватите со години го имаат Лука Модриќ за свој „командант“ во екипата, но легендарниот плејмејкер овојпат ќе има силни ривали на спротивната страна, тандемот Витиња – Жоао Невеш кој две години по ред стигнува до трофејот во ЛШ со екипата на ПСЖ.
Витиња во пресрет на овој натпревар говореше само со најголеми комплименти за хрватскиот генијалец кој ќе биде негов ривал на вечерашниот натпревар.
„Што да се каже за Модриќ, фудбалер кој доминира повеќе од две децении на терените. Можам да кажам дека тој ми е идол од детството, некој по чии стапки тргнав кога почнував, а сега имам можност да играм против него на СП. Секако дека максимално го почитувам, имав можност и да се сретнам со него и можам да кажам дека приватно е прекрасна личност, но тоа не значи ништо на вечерашниот натпревар. Ќе сториме се за да го запреме, да го намалиме неговото влијание на текот на мечот бидејќи тоа е начинот на кој можеме да стигнеме до победата. Тој и Роналдо, за еден од нив ова ќе биде последен меч на светските првенство, искрено се надевам дека тоа ќе биде случај со Лука“, истакна Витиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
